ибрик
  
     
     
  
  
      
          
             мн. ибрици
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 9915
	    
	
    
    
      
          1.
          Висок бакарен или сребрен сад за течности (обично за вода) со конусно или топчесто тело со рачка, и со издолжен врат со проширена устинка.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Стави вода од ибрикот. 
	              
	            
	          
	            
	              Ибрик од сребро. 
	              
	            
	          
	            
	              Ибрик со ракија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          За машко лице - глупак, будала.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Молчи како ибрик.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          ибриче ср.
мн. ибричиња
          
          
          
        
      
    
мн. ибричиња
 
   
         
	        