идила
  
     
     
  
  
      
          
             мн. идили
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 10389
	    
	
    
    
      
          1.
          Поетска творба што го опишува мирниот, спокоен живот на луѓето, животот исполнет со задоволства што ги дава природата, недопрена од цивилизацијата, пасторалниот живот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              селска идила
	              
	            
	          
	            
	              зимска идила
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Среќен, безгрижен, хармоничен живот; слика на такви доживувања.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              љубовна идила
	              
	            
	          
	            
	              семејна идила
	              
	            
	          
	            
	              Си споменуваме за незаборавната идила од летните ноќи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        