излета
  
     
     
  
  
      
          
            
              излетаат; излетал
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 3719
	    
	
    
    
      
          1.
          За птица, инсект што лета - летне надвор од нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Врапчињата излетаа од гнездото. 
	              
	            
	          
	            
	              Мувата наплуварка излета од тенџерето во коешто беше месото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  летне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Излезе од лежиштето, од местото каде што треба да биде - најчесто за превозно средство.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    jump out
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                fluturoj, dal
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Од силниот удар три вагони излетале од шините. 
	              
	            
	          
	            
	              По судирот на автомобилите, возачот на едниот автомобил излетал од предниот прозорец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  излезе (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Се движи многу брзо излегувајќи од некаде.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Излета од дома. 
	              
	            
	          
	            
	              Војниците излетаа од касарната на знакот за тревога.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  истрча (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Каже нешто без да размисли, неконтролирано.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Прашањето му излета нанесакана.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  избрза (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Срцето му излета од радост/страв - почувствува голема радост/страв.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          излетува несв.
излетуваат
          
          
          
        
      
        излетуваат
          
          2. 
          излетување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        