изнакапе
изнакапат; изнакапи, изнакапете; изнакапав, изнакапаа; изнакапал, изнакапан; изнакапев, изнакапеа; изнакапел; изнакапен
Вид збор: Глагол, свршен
1.
Накапе многу, обилно.
Примери:
Го изнакапа чаршафот.
2.
(се изнакапе) се извалка
Примери:
Се изнакапа чорба по блузата.