иследник
мн. иследници
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5037
Лице што врши истрага.
Примери:
Во записникот на иследникот стоеше дека во крвта му нашле опиум.
Изведенки
иследнички прид.
иследничкиот
Што се однесува на иследник.
Пример:
Во таа ваша иследничка практика сте биле сведок на многу настани.