казуистика
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 57514
1.
Разгледување одделни примери од правните спорови во согласност со правните норми.
2.
Примена на општи догми и морални начела врз одделни практични случаи во животот.
3.
Докажување што се засновува врз одделни случаи кои без основа се обопштуваат и доведуваат до извртување на вистината.
Примери:
језуитска казуистика
4.
Опишување одделни случаи на болести.