калибар
  
     
     
  
  
      
          
             мн. калибри
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 18217
	    
	
    
    
      
          1.
          Внатрешниот пречник на цевка од огнено оружје (пиштол, пушка).
        
         
          
		  
		  
          2.
          Пречник на куршум или граната.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Најдовме еден сандак со муниција, којзнае од кој калибар.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Инструмент за мерење на пречникот на цевката на огнено оружје или на друг предмет; инструмент за проверка на големината и формата на даден предмет.
        
         
          
		  
		  
          4.
          вредност, квалитет, ранг, класа
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Меѓу себе бевме познати како јунаци од голем калибар.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        