карактер
  
     
     
  
  
      
          
             мн. карактери
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 1236
	    
	
    
    
      
          1.
          Збир на суштествени, изразени и постојани морално-психички и интелектуални особини на поединец или на заедница, што се пројавуваат, се манифестираат преку погледите и постапките спрема околината.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие се сакаа еден со друг, и покрај разликите во карактерот и вкусовите. 
	              
	            
	          
	            
	              Татко ѝ бил со благ карактер, со многу нежна духовна и физичка конструкција. 
	              
	            
	          
	            
	              Цртите на неговото лице издаваа упорит карактер, непопустливост и бистрина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Лице со силен морал, со цврсто и доследно однесување, чесен човек; човек како носител на одредени морални квалитети.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    personality
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                karakter
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тој е многу голем талент, но чуден карактер. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој е подобар човек од мене, поцврст карактер.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Јасно изразено, суштинско својство, обележје на некој предмет или појава; природа, суштина.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    nature
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                karakter, natyrë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Постојано треба да се подвлекува суштината на општествениот карактер на културата. 
	              
	            
	          
	            
	              До половината на 19 век книжевната дејност кај нас носи исклучиво црковен карактер.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Истакната личност во драма, со силно изразени психички состојби, психолошки развиен драмски лик.
        
         
	          
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
				  
  	                karakter
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Среќен е писателот што - откако минал крај карактери додевни, омразени - се приближува до карактери што покажуваат високо човечко достоинство. 
	              
	            
	          
	            
	              Многу, многу полесно е да насликаш карактери од голем размер.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        