качи
  
     
     
  
  
      
          
            
              качат; качил
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 2157
	    
	
    
    
      
          1.
          Дигне некого или нешто, доведе, дотера на повисоко место.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Старата облека ја качи на таванот. 
	              
	            
	          
	            
	              Го качија на чардакот, само да види до кај е работата. 
	              
	            
	          
	            
	              Времето се затопли, овците треба да ги качиме на планина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дигне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Смести некого во превозно средство.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Одвај го качиле на воз за да го однесат дома. 
	              
	            
	          
	            
	              Ја качи во кајчето и завесла.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  симне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Повиши температура, зголеми цена, тежина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Производителите ја качија цената на тутунот.
	              
	            
	          
	            
	              Вечерта качи температура. 
	              
	            
	          
	            
	              За кратко време качив три килограми.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  смали (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          (се качи) Стапи, се искачи на повисоко место.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    climb
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                hip, ngjitem
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Момчето се качи на дрвото и набра една торба јаболка. 
	              
	            
	          
	            
	              Утрото се качија на врвот од планината.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          (се качи) јавне
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се качи на коњот и појде кон полето. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој се качи на неговиот грб и така ја преминаа реката. 
	              
	            
	          
	            
	              Се качи на велосипедот и веќе не сакаше да разговара.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  јавне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се качи) Влезе во превозно средство.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    climb
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                hip, ngjitem
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Стигна автобусот и таа се качи во него.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се качи) Се зголеми, скокне температура, цена, вредност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Температурата на воздухот се качи на 30 степени. 
	              
	            
	          
	            
	              Му се качи крвниот притисок. 
	              
	            
	          
	            
	              Цените се качија во однос на минатиот месец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Ми (му, ѝ) cе качи на глава - многу ми здодеа со нешто, со некое барање.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        