каша
  
     
     
  
  
      
          
             мн. каши
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 7551
	    
	
    
    
      
          1.
          Јадење приготвено од сварено брашно со вода или млеко.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Каша од пченкарно брашно. 
	              
	            
	          
	            
	              Овесна каша. 
	              
	            
	          
	            
	              Јадеа пиле со каша. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: јадење (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Густа смеса добиена од сомелено овошје, зеленчук.
        
         
          
		  
		  
          3.
          Маса добиена cо мешање на прав или парчиња од некоја супстанција со течност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Цел ден играа на снегот и снегот cе престори во каша.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          мешаница, бркотница, хаос
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    mess, 
                  
                    chaos
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                tollovi, konfuzion
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              И тука работите станаа каша. 
	              
	            
	          
	            
	              Каша ми стана во главата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Замати, свари каша - предизвика недоразбирање, создаде замрсена ситуација.
          
      
        
          
            Се врти како мачка околу врела каша - претпазливо, несигурно приоѓа кон нешто, кон нешто што го посакува.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          кашица ж.
мн. кашици
дем. и хип.
          
          
        
      
        мн. кашици
дем. и хип.
          
          2. 
          кашичка ж.
мн. кашички
дем. и хип.
          
          
        
      
    
мн. кашички
дем. и хип.
 
   
         
	        