киселина
  
     
     
  
  
      
          
             мн. киселини
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 6465
	    
	
    
    
      
          1.
          Соединение на водород cо неметал или атомска група што сината лакмусова хартија ја бои во црвено, повеќето киселини имаат кисел вкус; електролит кој при разложување во воден раствор како позитивен јон дава само водороден јон.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Азотна киселина. 
	              
	            
	          
	            
	              Борна киселина. 
	              
	            
	          
	            
	              Винска киселина. 
	              
	            
	          
	            
	              Солна киселина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  база (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Тоа што има кисел вкус или мирис.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во устата чувствуваше млака киселина од јаболката што ги јадеше секој ден. 
	              
	            
	          
	            
	              Во воздухот се чувствуваше некоја задушлива мемла и киселина.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Воден раствор на оцетна киселина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Јадеше печени пиперки со киселина. 
	              
	            
	          
	            
	              Стави малку киселина во салатата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  оцет (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Киселини во стомакот - зголемување на солната киселина во стомакот.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          киселинка ж.
мн. киселинки
дем.
          
          
        
      
    
мн. киселинки
дем.
 
   
         
	        