кожа
  
     
     
  
  
      
          
             мн. кожи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 613
	    
	
    
    
      
          1.
          (само едн.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Збрчкана кожа. 
	              
	            
	          
	            
	              Мазна кожа. 
	              
	            
	          
	            
	              Кожата го покрива и го заштитува животинското тело.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Таква обвивка, одрана од животно и обработена, што служи за изработка на различни предмети.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Носеше капа од јагнешка кожа. 
	              
	            
	          
	            
	              Штавена кожа. 
	              
	            
	          
	            
	              Говедска кожа. 
	              
	            
	          
	            
	              Селаните носеа ќуркови, поставени одвнатре со кожа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Надворешна обвивка на некои плодови.
        
         
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Коска и кожа - многу слаб.
          
      
        
          
            Си ја чува кожата - избегнува судири, непријатности.
          
      
        
          
            Кожата му се наежи - cе исплаши.
          
      
        
          
            Има дебела кожа - е неосетлив на навреди, на критики.
          
      
        
          
            Ја спаси кожата - cе спаси, остане жив и здрав.
          
      
        
          
            Од оваа кожа во друга не се влегува - не може ништо да се направи, не може да се избегне некаква неволја.
          
      
        
          
            Да не cи му во кожата - да не си на негово место, да не си во негова положба.
          
      
        
          
            Му влезе под кожа - се додвори некому.
          
      
        
          
            Му ја одра кожата - искористи, ограби некого.
          
      
        
          
            Да излезе човек од кожа - изгуби трпение и самоконтрола.
          
      
        
          
            Исфрли (извади) од кожа некого - направи да изгуби трпение, самоконтрола, извади од такт некого.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        