колве
  
     
     
  
  
      
          
            
              колват; колви, колвете; колвев, колвеа; колвел; колвејќи; колвав, колваа; колвал; колван
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 10294
	    
	
    
    
      
          1.
          За птица - зема, откинува со клунот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Гладните чавки колвеа по некое зрнце или трошка. 
	              
	            
	          
	            
	              Кокошките почнаа лакомо да колват жито. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          За птица - удира, чука со клунот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Гавраните му ја колват главата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Постојано спомнува некому нешто едно и исто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Постојано ме колват дека сум куртулил од нож.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се колве) За птици - се удираат со клун една со друга.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Гулабите се колвеа на покривот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Два петла на едно гумно не колваат - двајца главни во една работа не може да има.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          колвење ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        