кошмар
мн. кошмари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4665
1.
Лош сон со ужасни привиденија.
Примери:
Секоја ноќ има кошмари.
2.
Тешко, страшно доживување.
Примери:
Нашиот одмор беше вистински кошмар.
Го преживеа кошмарот на војната.
3.
Лоши, хаотични мисли.
Примери:
Кошмарот му се вртеше во главата.
Живееше во кошмар од непознатото.