крпа
мн. крпи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2144
Примери:
2.
Парче платно за бришење или за миење, триење нешто.
Примери:
Домаќинката ги триеше нечистите садови со крпата.
3.
Парче ткаенина, фротир што служи за бришење раце, лице, тело.
Примери:
Му ја подаде белата крпа да си ги избрише рацете.
крпа за лице
Слично со:
пешкир (м.)
4.
Шамија (обично бела) со која жените ја покриваат главата, врзана под брадата.
Примери:
Со бела крпа на главата лежеше на креветот.
5.
Нешто што е старо, излитено, ветво; што не е за употреба.
Слично со:
партал (м.)
Изрази
Крпа се сторил / Блед како крпа - станал / е многу блед од болест или од страв.
Изведенки