кула
  
     
     
  
  
      
          
             мн. кули
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1284
	    
	
    
    
      
          1.
          Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Маркови кули. 
	              
	            
	          
	            
	              Кулите на нашето кале се многу убави.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Самостојна, тесна, висока градба со различна намена (градски часовник, светилник).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Саат-кулата беше оштетена за време на земјотресот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Висока (обично станбена) зграда.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Живеам на највисокиот кат од кулата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Ветува златни кули -премногу ветува.
          
      
        
          
            Ѕида (гради) кули во воздух - се занесува со големи, неостварлива планови.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        