кум
  
     
     
  
  
      
          
             мн. кумови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2540
	    
	
    
    
      
          1.
          Сведок при венчавање или склучување граѓански брак.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кумот ни донесе голем подарок за нашата свадба.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  сведок (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Во христијанството, тој што го држи детето при крштевање, што му дава име на детето; што прв го потстрижува детето.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кумот ми го крсти детето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Носител на организирањето обредна или традиционална народна прослава.
        
         
          
		  
		  
          4.
          Лице што дало придонес во разрешување некаква ситуација.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој е кум на реформите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Каде дум, тој кум - секаде оди каде што има веселба, каде што ќе го викнат.
          
      
        
          
            (посл.) Ќе ти дојде умот, ама ќе си појде кумот - ќе се опаметиш, ама доцна ќе биде.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          кумовски прид.
кумовскиот
Пример: кумовско роднинство
          
        
      
    
кумовскиот
Пример: кумовско роднинство
 
   
         
	        