лизга
  
     
     
  
  
      
          
            
              (се) лизгаат; лизгал; лизган
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 4136
	    
	
    
    
      
          1.
          Движи некого или нешто по мазна, рамна површина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го лизга детето на санка.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          (се лизга) Се движи со постојан допир по рамна површина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Држачите од завесата слободно се лизгаат по шината на корнизот. 
	              
	            
	          
	            
	              Децата се лизгаа на ридот со санки. 
	              
	            
	          
	            
	              Солзите му се лизгаа по лицето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          (се лизга) Се поместува, губи стабилност, рамнотежа, поради некаква причина.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    skid
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                shket, rrëshqas
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Одејќи по замрзнатата патека нозете им се лизгаа де на едната де на другата страна. 
	              
	            
	          
	            
	              Автомобилот змијулесто се лизгаше по стрмниот пат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се лизга) Се движи, се шири, се насочува кон нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Погледот му се лизгаше по целото нејзино тело. 
	              
	            
	          
	            
	              Возот полека се лизгаше кон следната своја станица. 
	              
	            
	          
	            
	              Темнината се лизгаше по нивните тела.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        