лист
  
     
     
  
  
      
          
            мн. листови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 519
	    
	
    
    
      
          1.
          Орган на растенијата што служи за дишење и фотосинтеза (обично плоскат и зелен).
        
         
          
		  
		  
          3.
          Правилно, најчесто правоаголно парче хартија само или како дел од книга, тетратка, блок и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тетратка со осумдесет листови. 
	              
	            
	          
	            
	              Книгата имаше пожолтени листови. 
	              
	            
	          
	            
	              Лист со широки линии.
	              
	            
	          
	            
	              Во раката држеше празен лист.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  хартија (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Тенок и широк слој од нешто (метал, тесто, месо).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го исече месото на тенки листови и го посоли секој лист посебно.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Задниот месест (мускулест) дел на ногата што се наоѓа над глуждот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Спортистите имаат јаки листови на нозете. 
	              
	            
	          
	            
	              Од многу одење го заболеа листовите и глуждовите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Сврте нов лист - дејствува на нов (најчесто позитивен) начин.
          
      
        
          
            Сврте друг лист - дејствува построго.
          
      
        
          
            Од наша гора лист - од нашите краишта.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        