луд
луди
Вид збор: Придавка
Ранг: 1404
2.
Што постапува непромислено, неразумно.
Примери:
Луд е што прави така.
Тој е луд штом му верува.
Слично со:
неразумен (прид.)
3.
немирен, палав, нескротлив
Примери:
Лудите дечиња шлапкаа по вировите.
Многу е луд во игрите.
4.
Што се пројавува со голема сила.
Примери:
Доживеа луд успех.
луда желба
луда смеа
луди можности
Изрази
Луда глава - неразумен, лекомислен, површен човек.