механизам
  
     
     
  
  
      
          
             мн. механизми
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 2337
	    
	
    
    
      
          1.
          Внатрешен склоп составен од делови при што со придвижување на еден дел се предизвикува придвижување и на останатите делови по одреден ред.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Механизам на часовник.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Внатрешна структура на нешто, збир од закономерности што го определуваат редот, постапката на извршувањето на некое дејство или процес.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ако сакаш да успееш, треба да го сфатиш механизмот по кој се работи.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        