мрда
  
     
     
  
  
      
          
            
              мрдаат; мрдал
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 2503
	    
	
    
    
      
          1.
          Прави кратки движења со нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Мрда со рацете. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги мрда рамената. 
	              
	            
	          
	            
	              Усните му мрдаа, но глас не излегуваше од нив.
	              
	            
	          
	            
	              Стариот не мрдаше со ништо. 
	              
	            
	          
	            
	              Мрдаше со опавчето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  тресе (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          се поместува; се преместува
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    move
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                zhvendoset
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Не мрдам одовде. 
	              
	            
	          
	            
	              Се притаивме, не мрдаме. 
	              
	            
	          
	            
	              Неговата сенка мрдаше меѓу сенките на глоговите.
	              
	            
	          
	            
	              Мрдаат лисјата. 
	              
	            
	          
	            
	              Мрда како живо.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  движи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Преместува, поместува нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не мрдај го столот.
	              
	            
	          
	            
	              Мрдај го кралот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  преместува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Ја избегнува вистината, заобиколува; избегнува некоја обврска.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кажи како беше, не мрдај. 
	              
	            
	          
	            
	              Решението е донесено, не може да мрда.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  заобиколува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се мрда) се движи, се преместува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Устата ѝ се мрда, но глас не се слуша.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Ич око не ми мрда - не се плашам од тоа.
          
      
        
          
            Не мрда со прст - не сака ништо да направи.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        