нагоре
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 884
	    
	
    
    
      
          1.
          Насочено во височина, кон горе.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Искрите летаа нагоре. 
	              
	            
	          
	            
	              Гулабите се устремија нагоре. 
	              
	            
	          
	            
	              Погледна нагоре.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  надолу (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Кон повисоко место, кон врвот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Одеа нагоре по падината. 
	              
	            
	          
	            
	              Тргна нагоре низ шумата. 
	              
	            
	          
	            
	              Со напор се искачуваа нагоре, кон врвот на планината.
	              
	            
	          
	            
	              Војската сновеше нагоре-надолу.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Кон изворот на реката.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              По реката нагоре.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Нагоре-надолу - во разни правци.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        