надигне
  
     
     
  
  
        Види и: 
        	дигне (св.)
         
	
    
    
      
          
            
              надигнат; надигни, надигнете; надигнав, надигнаа; надигнал; надигнат; надигнев, надигнеа; надигнел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 17900
	    
	
    
    
      
          1.
          дигне, крене, поткрене
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ја надигна главата да може да гледа. 
	              
	            
	          
	            
	              Војникот ја надигна пушката да нанишани. 
	              
	            
	          
	            
	              Ја надигна раката да удри.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Наземе, изнакупи многу нешта.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Што си надигнал сѐ наеднаш. 
	              
	            
	          
	            
	              Лесно е да се надигнеш, ама потешко е да платиш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          (се надигне) По доживеана слабост (болест, морален, материјален пад) си ја врати состојбата, се накрене.
        
         
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  закрепне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (се надигне) Стане премногу горд, се вообрази.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со првиот успех се надигна, збор не му се кажува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вообрази (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се надигне) Се крене високо, се извиши.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дувна ветар и се надигнаа пеплишта.
	              
	            
	          
	            
	              Маглата се надигна. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  извиши (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изведенки
      
      
        
          
           
          надигнува несв.
(се) надигнуваат
          
          
          
        
      
    
(се) надигнуваат
 
   
         
	        