намести
наместат; наместил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2841
1.
Стави нешто на соодветно место или во определена положба.
Примери:
Ја намести рачката на секирата.
Ги намести рацете за молитва.
Намести го саатот да ѕвони.
Слично со:
постави (св.)
2.
Уреди, среди, постави според потребата.
Примери:
Ги отвори прозорците и ги намести креветите.
Ја намести собата како за гости.
Намести ја масата за ручек.
Слично со:
уреди (св.)
3.
Снабди со мебел.
Примери:
Добро го наместиле станот.
Кујната ја наместиле со сѐ што треба.
Слично со:
опреми (св.)
4.
Направи сплетка, подлост некому.
Примери:
Ако не си ги отвориш очите, убаво ќе те наместат.
Него го наместиле, а тие се истргале.
Го наместиле дека тој ја запалил куќата.
6.
(се намести) Седне, заземе место.
Примери:
Испоседнаа, се наместија кој кај стигна.
Се намести на каучот и заспа.
7.
(се намести) Се вработи, заземе функција и сл.
Примери:
Се наместил за раководител на друштвото.
Ги оставија селата, сите се наместија по градовите на разни места.
Изведенки
1.
наместува несв.
(се) наместуваат
(се) наместуваат
2.
наместување ср.
глаг. им.
глаг. им.