напред
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 646
	    
	
    
    
      
          1.
          Во насока на таа што е пред себе.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чекореше упорно напред. 
	              
	            
	          
	            
	              Јас ќе продолжам напред, а вие вратете се.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  назад (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          На прво, на предно место.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Седна напред. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие што беа напред можеа сѐ да видат. 
	              
	            
	          
	            
	              Чекајте, им викна на тие напред.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  најпрвин (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Однапред, за нешто што ќе биде.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Да си кажеме напред, да нема после расправии. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе дадам малку напред, а ќе ти доплатам кога ќе го земам. 
	              
	            
	          
	            
	              За работата ми побара пари напред.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  однапред (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          За во иднина (обично со предлогот за).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Имам храна и за напред. 
	              
	            
	          
	            
	              Ве молам за напред да не ме заборавате. 
	              
	            
	          
	            
	              Мисли само за напред. 
	              
	            
	          
	            
	              Отсега напред за тоа да не ми зборуваш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Порано, во минатото (обично во компаратив).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Напред нејќеше ни да помириса тутун, а сега не може без него. 
	              
	            
	          
	            
	              Понапред нејќеше да го види, а сега му стана прв пријател.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  порано (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Со Господ напред - благослов.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        