некаков
некакви
Вид збор: Заменка
Ранг: 179
Примери:
Се скарале за некакви пари.
Почувствува некаква возбуда.
Треба да има некакво решение.
Бара да добие некаква работа.
2.
Што нема соодветна вредност, што не вреди многу.
Примери:
Се запознал со некаков писател.
И тоа било некаква плата.
Изрази
Некаков си - потсилена неопределеност или потсилена нијанса на пренебрегнување.