нерв
  
     
     
  
  
      
          
            мн. нерви
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 3483
	    
	
    
    
      
          1.
          Секој од влакнестите органи кои се разгрануваат од главниот и од 'рбетниот мозок кон периферијата на организмот и ги примаат и пренесуваат дразбите од надворешната средина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Очен нерв.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Целокупниот нервен систем што ги управува и ги координира дејностите на организмот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Слаби нерви. 
	              
	            
	          
	            
	              Напнати нерви. 
	              
	            
	          
	            
	              Попуштени нерви.
	              
	            
	          
	            
	              Нејќе да си ги кине нервите со тебе.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Има нерв (за нешто) - има чувство, осет.
          
      
        
          
            Изгуби нерви - силно се изнервира, не може да се совлада.
          
      
        
          
            Има (нема) нерви - има (нема) цврсти нерви, може (не може) да владее со себе, да се контролира.
          
      
        
          
            Кине нерви - прави нешто што предизвикува нервоза.
          
      
        
          
            Оди на нерви - (некому) - нервира, предизвикува нервоза.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        