нос
  
     
     
  
  
      
          
            мн. носови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 855
	    
	
    
    
      
          1.
          Орган на мирисот и еден од дишните органи, кој се наоѓа на средината од лицето кај човекот и на предниот дел од главата, над устата, кај животните.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Грбав нос. 
	              
	            
	          
	            
	              Чпртав нос.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: орган (м.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Преден дел на пловен објект или на авион, брод, чун и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Авионот заринкал со носот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Го (ме, те итн.) влече за нос - лаже некого, ветува нешто некому а ништо не прави.
          
      
        
          
            Го крена носот - се направи важен.
          
      
        
          
            Го обеси носот - се онерасположи, се налути.
          
      
        
          
            Го пика носот секаде - се меша во сѐ, премногу е љубопитен.
          
      
        
          
            До нос му (ми, ти итн.) дојде - повеќе не може да го поднесе некого или нешто.
          
      
        
          
            Има добар нос - може, умее да насети, да предвиди.
          
      
        
          
            Низ нос му (ми, ти итн.) излезе тоа - го плати, го преплати.
          
      
        
          
            Му (ми, ти итн.) го извади (истера) тоа низ нос - принуди некого скапо да надомести, да плати нешто.
          
      
        
          
            Од носот подалеку не гледа - многу е ограничен.
          
      
        
          
            Сака се под носот да му е - сака се да му биде готово.
          
      
        
          
            Пред носот му е - пред него, до него е.
          
      
        
          
            Солзите му се на носот - секогаш е спремен за плачење (обично за дете).
          
      
    
    
    
 
   
         
	        