обружа
  
     
     
  
  
      
          
            
              обружаат
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 38177
	    
	
    
    
      
          1.
          Дотера, накити некого или нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Девојките го обружаа коњот на младоженецот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  накити (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Опреми со оружје, вооружи некого.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Новодојдените во четата ги обружаа со пушки берданки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вооружи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          (се обружа) Се дотера, се накити.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа се обружа и отиде да наполни вода.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  накити (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          (се обружа) Се опреми со оружје, се вооружи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Селаните се обружаа со пиштоли.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вооружи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          обружува несв.
(се) обружуваат
          
          
          
        
      
        (се) обружуваат
          
          2. 
          обружување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        