овца
  
     
     
  
  
      
          
             мн. овци
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 1052
	    
	
    
    
      
          1.
          Домашно животно, преживар, што дава волна, млеко и месо.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Блее како овца. 
	              
	            
	          
	            
	              Стадо овци. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги истера овците на пасење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: животно (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Лице што е многу мирно, кротко, наивно.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ме гледа како овца.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Заблудена овца - тој што тргнал по лош пат.
          
      
        
          
            Црна овца (во бело стадо) - тој што се изделува од групата, што се разликува по лошо од другите.
          
      
        
          
            Црна овца (во бело стадо) - тој што има лош карактер, лошо однеcување.
          
      
        
          
            Од една овца две кожи сака - наеднаш сака да направи две работи.
          
      
        
          
            Му ги оставил овците на волкот да ги варди - даде нешто на чување кај некого што не е способен за тоа.
          
      
        
          
            Волкот и од броените овци јаде - тој што краде, краде се.
          
      
        
          
            Која овца се дели од стадото, волкот ја јаде - тој што се дели од другите, ќе настрада.
          
      
        
          
            Кој се прави овца, волкот го јаде - тој што е многу добар, лошо ќе помине, ќе настрада.
          
      
        
          
            И волкот сит и овците на број - сите се задоволни.
          
      
        
          
            Не ми (ти, му...) се сите овци на број - нешто не е во ред со него.
          
      
        
          
            Ако си овца, секој ќе те стрижи - ако cи глупав, секој ќе те искористува.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          овчичка ж.
мн. овчички
дем.
          
          
        
      
    
мн. овчички
дем.
 
   
         
	        