одврзе
  
     
     
  
  
      
          
            
              одврзат; одврзи, одврзете; одврзав, одврзаа; одврзал; одврзан; одврзев, одврзеа; одврзел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 3731
	    
	
    
    
      
          1.
          Оддели, одвои нешто што било претходно врзано.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој ги одврза вреќите полни со жито. 
	              
	            
	          
	            
	              Детето ги одврза чевлите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  заврзе (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Ослободи тоа што било врзано за нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој го одврза магарето од дрвото. 
	              
	            
	          
	            
	              Го одврза чунот и го турна во водата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  ослободи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Одмота, одвитка од нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој ѝ ги одврза рацете на девојката. 
	              
	            
	          
	            
	              Таа си го одврза шалот од вратот. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој ја одврза преврската од раната.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  одвитка (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Извади нешто што било врзано, заврзано во нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој одврза сол од една крпа и ја тури во зовриената вода. 
	              
	            
	          
	            
	              Децата ја одврзаа мачката од вреќата и ја пуштија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Отплетка, размрси нешто заплеткано, замрсено.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа го одврза јазолот од конецот. 
	              
	            
	          
	            
	              Старицата ги одврза заврзаните нишки.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          За јазик - ослободи, отпушти, почне да зборува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ако го одврзе јазикот, нема сопирање.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (се одврзе) оддели, разврзе
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чевелот ми се одврза. 
	              
	            
	          
	            
	              Кучето се одврза и се пушти по нас.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          (се одврзе, само во 3 л. едн.) се ослободи
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ми (ти, му...) се одврзе јазикот - се ослободи, се отпушти, се разборува.
	              
	            
	          
	            
	              Од пијалакот му се одврза јазикот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          одврзува несв.
(се) одврзуваат
          
          
          
        
      
        (се) одврзуваат
          
          2. 
          одврзување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        