оди
  
     
     
  
  
      
          
            
              одат; одиш; одиме; одев, одевме; одело; одејќи
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, несвршен
    
    
	    
	      Ранг: 98
	    
	
    
    
      
          1.
          За човек и за животни - се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Одевме по вистинскиот пат.  
	              
	            
	          
	            
	              Не трчај, оди полека.
	              
	            
	          
	            
	              Кучето одеше пред сите.
	              
	            
	          
	            
	              Тој секаде одеше пеш. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Се упатува кон определено место со определена цел.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Оди на работа.  
	              
	            
	          
	            
	              Оди на дуќан.
	              
	            
	          
	            
	              Оди на факултет. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди на училиште.
	              
	            
	          
	            
	              Оди на курс. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди на кино. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди на состанок. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди на лекар. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди в црква. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди во посета.
	              
	            
	          
	            
	              Оди на пазар. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  упатува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Се пренесува од едно место на друго со превозно средство (за луѓе - патува, се вози).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На работа оди со велосипед. 
	              
	            
	          
	            
	              На долги релации одиме со авион, а не со брод. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе одиме со воз. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  патува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Се пренесува од едно место на друго со превозно средство (за стоки - превезува, испраќа).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сето наше производство оди за извоз. 
	              
	            
	          
	            
	              Овие пратки ќе одат за Битола. 
	              
	            
	          
	            
	              Писмото одело цел месец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  испраќа (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Има (нема) нешто на себе, некако е облечен, обуен.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Оди по кошула. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди по чорапи. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди гологлав. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди бос.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Е во некаква состојба.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Уште оди ерген. 
	              
	            
	          
	            
	              Оделе свршени една година.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Се дружи, другарува.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    join
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                shoqërohet
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Оди со двајца расипници, па и тој стана како нив.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дружи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          9.
          Следи некого во нешто, работи, постапува како некој.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Оди по примерот на својот учител. 
	              
	            
	          
	            
	              Одат по умот негов.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  следи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          10.
          Настојува, се стреми кон нешто, постапува некако со цел да постигне нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од идната година ќе одиме со новите наставни планови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  користи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          11.
          За превозни средства - се движи.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Автобусот одеше полека поради мразот. 
	              
	            
	          
	            
	              Возот оди најредовно.  
	              
	            
	          
	            
	              Авионот не одел директно.
	              
	            
	          
	            
	              Кога оди бротчето за Струга?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  движи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          12.
          За механизам - работи, се движи вршејќи ја специфичната функција.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    run
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                shkon, ecë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Ѕидниот часовник оди малку напред.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  функционира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          13.
          се протега, се простира
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Патот оди покрај реката. 
	              
	            
	          
	            
	              Оваа улица не оди кон театарот. 
	              
	            
	          
	            
	              Нашава нива оди од патот, па сè до реката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  простира (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          14.
          За работа, за нешто што се прави, што се случува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нему добро му оди трговијата. 
	              
	            
	          
	            
	              Сеидбата оди според планот. 
	              
	            
	          
	            
	              Денеска ништо не ми оди. 
	              
	            
	          
	            
	              Се надеваме дека ќе оди кон подобро.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          15.
          Чини, вреди, има цена; добро се продава, се бара на пазарот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Колку одат доматите денес?  
	              
	            
	          
	            
	              Овошјето тешко оди.
	              
	            
	          
	            
	              Не оди тутунот како што одеше некогаш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вреди (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          16.
          За средства, пари - се употребува, се троши.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    spend
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                harxhohet, shkon
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Половина плата му оди за лекови. 
	              
	            
	          
	            
	              Поголемиот дел од парите одат за купување нови машини.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  троши (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          17.
          Се сложува, е соодветно, одговара (за делови од облека, за боја, храна, пијалак).
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    fit
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                përshtatet, shkon njëra me tjetrën
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Кошулата не ти оди на костумот. 
	              
	            
	          
	            
	              Со ваква облека не оди шарена шапка. 
	              
	            
	          
	            
	              Со ова јадење оди црвено вино. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  одговара (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          18.
          За постапка, намера, намисла - не е така, спротивно е, не може да успее.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    work
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                shkon, kalon
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Тоа што го кажуваш не оди. 
	              
	            
	          
	            
	              Не оди тоа така. 
	              
	            
	          
	            
	              Што не оди, не оди.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  функционира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          19.
          Спаѓа, влегува, се распределува во некој состав.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие ќе одат во втората група. 
	              
	            
	          
	            
	              Само квалитетните производи одат за продажба. 
	              
	            
	          
	            
	              Ова ќе оди во отпад. 
	              
	            
	          
	            
	              Овој тутун не оди во прва класа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  спаѓа (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          20.
          За боја, нијанса - преминува, се прелева.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    change
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                kalon, shëndrohet
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Имаше нова блуза, розева што оди кон виолетово.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  менува (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          21.
          Во некои игри (шах, карти) - е според правилата; на потег.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Топот оди неограничено вертикално и хоризонтално. 
	              
	            
	          
	            
	              Сега ти одиш.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  движи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          22.
          Во математика - се содржи во некој број.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во девет три оди трипати.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  содржи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          23.
          Со начинско значење, се движи некако.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    move
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                ecë, lëviz
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Оди брзо.
	              
	            
	          
	            
	              Оди на прсти. 
	              
	            
	          
	            
	              Оди на раце.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  движи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          24.
          За време, обично со заменката си.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    pass
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                kalon, shkon
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Треба да побрзаме, си оди времето.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          25.
          Се грижи за некого или за нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              По болниот некој треба да оди. 
	              
	            
	          
	            
	              Цвеќињата се убави, ама треба да одиш по нив.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  грижи (несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          26.
          (во 1 л. мн.) Како најава, воведување на дејство.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Одиме понатаму. 
	              
	            
	          
	            
	              Одиме на следното прашање.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Не ми оди в глава - не можам да сфатам, да замислам.
          
      
        
          
            Оди по линија на помал отпор - не сака судири, избегнува тешкотии.
          
      
        
          
            Оди понадвор - излегува по нужда.
          
      
        
          
            Оди од рака, на рака - се предава, се пренесува од еден на друг.
          
      
        
          
            Оди во чекор со времето / со модата - ги следи современите текови, современ е; се носи според модата, модерно се облекува.
          
      
        
          
            Ни оди ни седи - не прави ништо за да ја промени состојбата.
          
      
        
          
            Ми (ти, му...) оди на нерви - ме (те, го ...) нервира.
          
      
        
          
            Оди по ќефот (некому) - угодува некому.
          
      
        
          
            Оди по тенок мраз - игра опасно.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        