одмазда
  
     
     
  
  
      
          
             мн. одмазди
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 3047
	    
	
    
    
      
          
          Свесна, повратна реакција на некое злосторство заради лично задоволување за извршената неправда, насилство и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Само одмазда можеше да го смири.
	              
	            
	          
	            
	              желба за одмазда
	              
	            
	          
	            
	              лута одмазда
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: чувство (ср.)
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Крвна одмазда - обичајна обврска на семејството чијшто член е убиен да го убие извршителот на убиството или да врати на истиот начин на некој член од семејството на убиецот.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        