одозгора
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 3516
	    
	
    
    
      
          1.
          Од горната страна, на површината на нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    from above
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                nga sipër
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Колачот се прелива одозгора со растопено чоколадо.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  одоздола (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Од место што е издигнато, од повисоко место во одноc на нешто друго или на околината.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    from above
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                nga lartë, prej së larti
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Таа ѕиркаше од прозорецот одозгора. 
	              
	            
	          
	            
	              Одозгора по патот се појавија двајца.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Од повисоката власт, од партискиот врв и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Така е наредено одозгора.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Од север, од места, области што се на север.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    from the north
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
				  
  	                nga veriu
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Кога се расипува времето, секогаш доаѓа одозгора, па потоа кај нас на југ.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          За количество - покрај тоа уште.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Знаеше дека е виновен, а одозгора уште и вика.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  згора (прил.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        