оквалификува
оквалификуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 30133
1.
Даде квалификација, оценка за некого или за нешто.
Англиски:
characterize
Албански:
karakterizoj
Збирката ја оквалификуваа како врвно авторско остварување.
Слично со:
окарактеризира (св.)
2.
Оспособи некого за некое занимање, работа.
Англиски:
enable
Албански:
përshtat, mundësoj
Брзо го оквалификуваа за новото работно место.
3.
(се оквалификува) Се оспособи за нешто.
Англиски:
qualify
Албански:
kualifikoj
Работата не беше едноставна, но успеа да се оквалификува.