а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

омекне

омекнат; омекни, омекнете; омекнав, омекнаа; омекнал; омекнат; (ќе) омекнев, (ќе) омекнеа; (ќе) омекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8672
1. Направи нешто да биде меко или помеко.
Англиски: soften Албански: zbus
Примери:
Тој крем ми ја омекна кожата.
2. Направи некого да биде мек, кроток, попустлив; одоброволи некого.
Англиски: soften Албански: zbus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нејзините зборови и солзи го омекнаа.
3. Стане мек или помек.
Англиски: soften Албански: zbus
Примери:
Белки земјата ќе омекне, та да можат да ги изораат нивјето.
4. Стане поблаг, кроток, попустлив.
Англиски: soften Албански: zbus
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потоа сепак стариот омекна и почна да ги распрашува за родното место.
5. За време - стане потопло, се затопли.
Албански: zbus
Примери:
Времето омекна и мразот се стопи.
Изведенки
1. омекнува несв.
омекнуваат
2. омекнување ср.
глаг. им.