отапи
отапат; отапи, отапете; отапев, отапеа; отапел; (го) отапив, (го) отапија; (го) отапил; отапен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26660
2.
Изгуби осетливост на надворешни влијанија, стане неосетлив; изгуби духовна свежина, умна способност.
Примери:
Му отапеа сетилата по сѐ што му се случи.
Како да отапе од седативот и од неправдите.
Во затворот со време тој отапе од едноличноста на денот.
Слично со:
оглупави (св.)
Изведенки