павилјон
  
     
     
  
  
      
          
             мн. павилјони
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 6252
	    
	
    
    
      
          1.
          Просторија или зграда предназначена за излагање експонати од изложба и др.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              изложбен павилјон
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Просторија или зграда за продавање на извесни стоки.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              продажен павилјон
	              
	            
	          
	            
	              павилјон за цвеќе
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Mала зграда, обично дрвена, во парк, предназначена за некои одредени цели (за одмор, починка во планина, парк, градина).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во преградието има дрвен павилјон, шестоаголно поставен во зеленилото.
	              
	            
	          
	            
	              Во душевната болница имаше современо опремени павилјони.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
           
          павилјонски прид.
павилјонскиот
          
          
          
        
      
    
павилјонскиот
 
   
         
	        