пати
патат; пател
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9581
1.
Преживува несреќи.
Примери:
Многу знаеш, многу ќе патиш.
(разг.) Имало глава да пати.
Тој од јазикот си пати.
2.
боледува
Примери:
Тој пати од чир во стомакот.
3.
Има недостаток.
Примери:
Статијава пати од извесна шематичност.
4.
(се пати) се оплодува, се множи