пише
  
    
    
  
  
      
          
            
              пишат; пиши, пишете; пишав, пишаа; пишал; пишан; пишев, пишеа; пишел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 3200
	    
	
    
    
      
          1.
          Напише текст.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ќе му пишеш едно писмо да си дојде.
	              
	            
	          
	            
	              Тој чини пиша, после избриши.
	              
	            
	          
	            
	              Пишете ми.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Запише, писмено забележи. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ќе дојде попот во селото и ќе му го пише името на детето. 
	              
	            
	          
	            
	              Го пишале и него. 
	              
	            
	          
	            
	              (разг.) Пиши го на мразот. 
	              
	            
	          
	            
	              Пиши го кога ќе го видиш.
	              
	            
	          
	            
	              (посл.) Пиши, попе, една куќа улави луѓе. 
	              
	            
	          
	            
	              Пишан си.
	              
	            
	          
	            
	              Му било пишано.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  забележи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Внесе во список, регистрира.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Доведи го детето за да го пишеме во тефтерот.
	              
	            
	          
	            
	              (разг.) Му го пишале (за) грев.
	              
	            
	          
	            
	              Господ грев ќе ти пише.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  регистрира (св. и несв.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Стави оценка, впише.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Не заслужил ни тројка да му пише.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          (несв.) пишува
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На стол седеа, книга пишеа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          шара, везе
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сум ја пишало (ѝ пишало) девет месеци, / сум ја везало девет години.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          9.
          (се пиша) Се вклучи во некаков список, се зачлени во некоја група. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се пиша ли и ти?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  регистрира (св. и несв.)