плодиште
мн. плодишта
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 41105
1.
Место каде што се врши плодење.
Примери:
Неколку стебленца пченка се излезени од едно место, од едно плодиште.
2.
Дел од сандак за пчели, од улиште, дрвена рамка во која се наоѓа матицата, пчелите, легло и онолку мед и цветен прав колку што е потребно за правилна работа на пчелното семејство во текот на годината.