погоден
погодени
Вид збор: Придавка
Ранг: 2881
1.
(глаг. прид.) погоди
Примери:
Погоден од куршум.
2.
Засегнат, силно душевно потресен.
Примери:
Тој се почувствува најмногу погоден, иако забелешката се однесуваше на сите.
3.
уреден, дотеран, среден
Примери:
Собата му беше погодена и за одмор и за работа.
4.
договорен, спогоден
Примери:
Беше погоден да му работи цела година.
Погодениот мајстор му откажал.
5.
Што одговара, соодветен за нешто, за дадена потреба, намена итн.
Примери:
погоден момент
погодни зборови
погодна храна
погодна почва
погодна температура
погодно време и место
погодни околности
погоден за обработка
погодно за носење