под
  
     
     
  
  
      Вид збор: Предлог
    
    
	    
	      Ранг: 143
	    
	
    
    
      
          1.
          Место од долната страна на нешто каде се одвива дејството.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    below
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Седиме во дворот под оревот. 
	              
	            
	          
	            
	              Под стреата на новата куќа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  над (предл.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Место на долната, пониска страна од нешто, во подножјето на планински предел и сл.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    below
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Се криеше во трнарот под ридот. 
	              
	            
	          
	            
	              Се пробива патот до неколку села под Јабланица. 
	              
	            
	          
	            
	              Војниците се групираа под селото.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Подолу, пониско од определена граница, мерка и сл. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    below
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Температурата се спушти под нулата. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе се вакцинираат сите деца под седумгодишна возраст. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Начин, белег, карактер на вршењето на дејството.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    under
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Кошаркарите играа под своите можности.
	              
	            
	          
	            
	              Цело село знае дека е под казна. 
	              
	            
	          
	            
	              Објавува колумни под псевдонимот Итар Пејо. 
	              
	            
	          
	            
	              Го напушти состанокот под изговор дека не се чувствува добро. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Состојба, околности при кои се врши дејството.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    under
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Под стари години се расправа по судови за имотот. 
	              
	            
	          
	            
	              Цели пет часа беше под анестезија. 
	              
	            
	          
	            
	              Под пеколни горештини го пробива патот покрај реката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Причина за вршење на некое дејство. 
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    under
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Министерот си поднесе оставка под притисок на јавноста. 
	              
	            
	          
	            
	              Под дејство на алкохолот тетерави по патот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          7.
          Потчинетост, зависност на дејството или состојбата од некого или од нешто.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    under
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Ќе биде под моја команда. 
	              
	            
	          
	            
	              Победата е извојувана под раководство на големиот стратег на герилското војување. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          8.
          опфатеност, соодветност, еднаквост
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    under
                  
	            
	          
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Под инфлација се подразбира покачување на цените.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Под око (гледа) - тајно набљудува, без да биде забележан.
          
      
        
          
            Под секоја критика - без никаква вредност, многу лош.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        