поема
  
     
     
  
  
      
          
             мн. поеми
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 8353
	    
	
    
    
      
          1.
          Подолга литературна творба во стихови, со лирско-епски карактер.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Поемата „Сердарот“ се вбројува во врвните дела на македонската литература.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: стихотворба (ж.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Назив со кој се именуваат големи прозни дела со високи уметнички вредности. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Неговиот роман е поема што нѐ води низ животот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Нешто убаво, возвишено, што создава прекрасни чувства.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие ја живеат најубавата поема на љубовта. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Термин со кој се именуваат некои музички дела.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Симфониска поема.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		   
   
         
	        