а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пооптегне

пооптегнат; пооптегни, пооптегнете; пооптегнав, пооптегнаа; пооптегнал; (ќе) пооптегнев, (ќе) пооптегнеа; (ќе) пооптегнел
Вид збор: Глагол, свршен
1. Оптегне, затегне малку, до некој степен.
Англиски: tighten Албански: shtrëngojë
Примери:
Тој ги пооптегна дизгините.
2. Оптегне, растегне малку, во мала мера.
Англиски: stretch Албански: zgjat
Примери:
Тој повлече и ластикот се пооптегна.
3. За раце, нозе - оптегне малку, донекаде.
Англиски: stretch Албански: zgjat
Примери:
Стана и ги пооптегна рацете.
4. (се пооптегне) Се оптегне малку донекаде.
Англиски: stretch Албански: zgjas
Примери:
Кожата на лицето му се пооптегна.
5. (се пооптегне) Се оптегне, се испружи малку.
Англиски: stretch Албански: shtrij
Изведенки
1. пооптега несв.
(се) пооптегаат
2. пооптегнува несв.
(се) пооптегнуваат