поприште
мн. попришта
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 24795
1.
Место на дејствување, поле за некаква дејност.
Примери:
Воено поприште.
Бојно поприште
Стапувајќи на литературното поприште, Рацин се свртува кон народната поезија.
2.
Период на животна дејност, активност; самата дејност, професија занимање.
Англиски:
battlefield
Албански:
fushëbetejë
Едно друго поприште му изгледаше тогаш попримамливо во неговиот живот.
Тешко е неговото поприште и горко ќе ја почувствува тој својата осаменост.