потврди
  
     
     
  
  
      
          
            
              потврдат; потврдам; потврдил
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 2691
	    
	
    
    
      
          1.
          Посведочи дека претходно кажаното, пишаното или стореното е точно, вистинито.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Дека сето ова е точно, можат да потврдат и другарите што беа со мене.
	              
	            
	          
	            
	              Луѓето отпрвин не му веруваа, но се најдоа и други што го потврдија тоа.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  посведочи (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Изрази согласност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој поцрвене и потврди со главата. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој со кимање на главата потврди.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  одобри (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Даде законска или административна важност, потврди вистинитост на некој документ, решение и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Неговата пресуда била потврдена и стапила во сила. 
	              
	            
	          
	            
	              Доставените дипломи треба да бидат потврдени од Управата. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој ќе оди в суд за да ги потврди договорите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Прифати, озакони, санкционира на повисоко ниво на надлежност нечие решение, поставување на должност, звање и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тие го потврдија во звањето редовен професор.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  озакони (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Докаже, покаже, даде доказ за нешто.  
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој го потврди тоа на дело. 
	              
	            
	          
	            
	              Нашата национална судбина тој мит го потврди историски. 
	              
	            
	          
	            
	              Сето тоа ја потврди неговата музејска вредност.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  докаже (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се потврди) Излезе, се покаже точен, правилен (за претпоставка, тврдење, мислење, предвидување и сл.).
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се потврдиле лагите на двајцата лажговци. 
	              
	            
	          
	            
	              Нашите сомненија се потврдија.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  покаже (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          (се потврди) Се покаже, се докаже во некое својство. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се потврди како добар педагог.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  покаже (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          потврдува несв.
(се) потврдуваат
          
          
          
        
      
        (се) потврдуваат
          
          2. 
          потврдување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        