потече
  
     
     
  
  
      
          
            
              потечат; потечи, потечете; потекоа; потекол, потекле; (ќе) потечеше, (ќе) поѕечеа; (ќе) потечел; потечен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 3525
	    
	
    
    
      
          1.
          За вода, течност - почне да тече. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Од раната му потече крв.
	              
	            
	          
	            
	              Реката потекла матна и пенлива. 
	              
	            
	          
	            
	              Од очите му потекоа солзи. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Почне да се движи во мноштво, во маса.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тогаш ја виде реката од луѓе што потече кон плоштадот. 
	              
	            
	          
	            
	              Човечката маса потече со викотници спроти нив.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За зборови, чувства, мисли, мирис - почне да се шири на сите страни. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Низ отворената врата потече светлина. 
	              
	            
	          
	            
	              Во собата потече мирисот на липите. 
	              
	            
	          
	            
	              Штом зборовите ќе потечеа од неговата уста, сите забораваа на сѐ. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Продолжи непрекинато да се одвива.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Откако ќе заминам, пак ќе си потече сѐ по старо. 
	              
	            
	          
	            
	              Вечерта почна и потече во најубав ред.
	              
	            
	          
	            
	              Потече сега друг, но тежок живот. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          се подуе, набрекне 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нозете ѝ потекле од долгото одење. 
	              
	            
	          
	            
	              Јазикот му потече од виното. 
	              
	            
	          
	            
	              Очите ѝ потекоа од плачење.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  набрекне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Му потекоа лиги - почувствува силна желба да вкуси нешто.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          потечува несв.
потечуваат
          
          
          
        
      
        потечуваат
          
          2. 
          потекува несв.
потекуваат
          
          
          
        
      
        потекуваат
          
          3. 
          потечување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.
 
   
         
	        