потоп
  
     
     
  
  
      
          
             (едн.) потопот
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 7486
	    
	
    
    
      
          1.
          Според Библијата - голема поплава, која како казна за човечките гревови ја покрила целата земја со вода.
        
         
          
		  
		  
          2.
          Голема поплава.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Доаѓаат сите реки и се однесуваат, тоа е потопот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Уште од пред потопот - многу одамна.
          
      
        
          
            По мене - потоп - кога мене ќе ме нема, може се да пропадне.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        